Дома Фудбал Италија Правеше чуда во Јувентус, а сега и во Интер – Бепе Марота уште докажа си ја знае работата!

Правеше чуда во Јувентус, а сега и во Интер – Бепе Марота уште докажа си ја знае работата!


Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓



Интер ќе игра финале во Лигата на шампионите, клубот од Милано ги надмина сите очекувања, дури и на своите навивачи и се пласираше во натпреварот за европска титула.

Секако дека фудбалерите предводени од Симоне Инзаги имаат огромни заслуги за успехот, но некој треба да ги доведе тие фудбалери, а тоа е човекот кој некогаш чуда правеше во Јувентус, а сега во Интер – спортскиот директор Бепе Марота.

Додека беше во Јувентус Марота се прослави со носењето на важни фудбалери за „нула“ евра или по многу ниски суми, па така ја освојуваше и наградата за најдобар спортски директор. Со таквата работа продолжи и во Интер.

Неверојатно за бројките во денешниот фудбал е што Марота успеа да доведе девет важни фудбалери кои настапија во вчерашното полуфинале за само 27 милиони евра. Петмина од тие девет беа доведени бесплатно.

Интер не плати ништо за Микхтаријан, Џеко, Онана, Димарко и Чалханоглу сите тие беа стартери. Тука се уште Дармијан (четири милини евра), Ачерби (три милиони евра) и најскапиот Думфрис (14 милиони евра).

Ромелу Лукаку кој не стартуваше и влезе од клупата, но запиша асистенција за Лаутаро беше доведен на позајмица за која платија осум милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Челзи почна преговори за Нејмар

Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓ Раководството на Челзи веќе остварило првичен конта…