Дома Фудбал По Терзиќ, Борусија ја напушти и Хумелс

По Терзиќ, Борусија ја напушти и Хумелс

МАТС ХУМЕЛС (35) станува слободен играч. Легендарниот германски стопер нема да го продолжи договорот со Борусија Дортмунд.

Така Борусија за два дена остана без тренер и клучен стопер. Да потсетиме, Един Терзиќ вчера поднесе оставка, а денеска Хумелс реши да си замине.

Дуото беше во расправија во последните недели и беше објавено дека Хумелс му дал ултиматум на одборот. По заминувањето на Терзиќ се очекуваше да остане, но на крајот си замина.

Германскиот стопер во три наврати настапуваше за Борусија. За прв пат во сезоната 2008/2009. како позајмен играч од Баерн. Потоа трајно се пресели во Борусија во 2009 година и остана во Дортмунд во следните седум години. Од 2016 до 2019 година играше за Баерн, а од 2019 година повторно играч на Борусија. Досега ги одби понудите од МЛС и Саудиска Арабија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од школата на Пелистер до сениорски повик: Исмаили во составот на Албанија

Усни Исмаили е единствениот нов фудбалер во албанскиот состав за дуелите со Финска и Белор…