Дома Фудбал Италија Почнува втората фаза од борбата на Миха: Познато кога може повторно да го видиме на клупата

Почнува втората фаза од борбата на Миха: Познато кога може повторно да го видиме на клупата

0

Српскиот стратег ќе мора да се врати во болницата.

Борбата на Синиша Михајловиќ продолжува. На стратегот на Болоња откриена му беше леукемија пред почетокот на сезоната. Миха ја одработи првата фаза од хемотерапијата, а набрзо ќе мора да ја започне и втората фаза.

Овој пат терапијата ќе трае 40 дена што значи дека во тој период Михајловиќ сигурно нема да биде на клупата на Болоња. Како и претходно Михајловиќ натпреварите и тренинзите ќе ги следи преку видео линк и констатно ќе биде во комуникација со стручниот штаб.

Враќањето на Михајловиќ на клупата би требало да се случи после наредната интернационална пауза, кон половина на октомври.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Слободни удари: Меси па – Коларов!

Александар Коларов дефинитивно е еден од најдобрите изведувачи на слободни удари во светот…