Дома Трансфер зона Почна чистката во Јувентус: Блез Матуиди има нов клуб!

Почна чистката во Јувентус: Блез Матуиди има нов клуб!

Во Јувентус се очекуваа промени по елиминацијата од Лион во осминафиналето и тие веќе се случуваат.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Прво веќе следниот ден отказ доби Маурицио Сари, а на негово место на тренерското столче на „старата дама“ седна Андреа Пирло. Сега следат промени во играчкиот кадар.

Еден од играчите кои во текот на сезоната добиваа големи критики заминува од клубот. Блез Матуиди ќе го напушти Јувентус и ќе се пресели во тимот на Бекам, Интер Мајами.

Јувентус овој трансфер официјално не го потврдил, но веста е објавена од сите најпознати италијански новинари меѓу кои е Ромео Агрести кој е близок со клубот. Поради тоа работата може да се смета за завршена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…