Дома Останати Кошарка НБА Почна НБА сезоната: Шампионите подобри од „дрим-тимот“, Кари ги „заледи“ Лејкерси 🎥

Почна НБА сезоната: Шампионите подобри од „дрим-тимот“, Кари ги „заледи“ Лејкерси 🎥

Новата сезона во НБА лигата започна со два звучни натпревари.

Актуелниот шампион Милвоки Бакс славеше против Бруклин Нетс со резултат 127:104. Нетси важат за „дрим-тим“ со оглед на имињата во екипата во која се Дурант, Харден, Олдриџ, Милс...Сепак неиграњето на Ирвинг кој одбива да се вакцинира можеше да се почувствува уште во првиот натпревар. Домаќинот беше предводен од одличниот Антетокумпо кој мечот го заврши со 32 поени и 14 скокови.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Кај поразените Дурант беше на ниво со 32 поени и 11 скокови, Милс додаде 21, додека Харден со 20 поени, осум скокови и асистенции беше блиску до трипл-дабл.

Ла Лејкерси сезоната ја започнаа со пораз од Голден Стејт Вориорси 114:121. Изгледаше дека домаќините ќе го добијат мечот, но пресуди последната четвртина која гостите ја одиграа одлично (29:38).

Стеф Кари беше најдобар кај Вориорси со 21 поени, 10 скокови и 10 асистенции. На Лејкерси не им беа доволни ниту одличните Леброн Џејмс (34 поени, 11 скокови) и Ентони Дејвис (33 поени и 11 скокови). Вестбрук потфрли со осум поени и пет скока иако на паркетот помина 35 минути.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Баерн спрема нова понуда за Араухо

Баерн Минхен не се откажува од дефанзивецот на Барселона, Роланд Араухо, пренесуваат герма…