Дома Фудбал Почесниот круг на „Олд Трафорд“ ретко кога бил потажен од тој што ќе биде вечерва

Почесниот круг на „Олд Трафорд“ ретко кога бил потажен од тој што ќе биде вечерва

Вечерва Манчестер Јунајтед го игра последниот натпревар во сезоната на домашен терен, ривал е Брентфорд. Атмосферата на трибините нема да биде „ѓаволите“ останаа без трофеј и без Лигата на шампионите, пристигнува новиот тренер и иднината носи многу неизвесност.

Сегашноста е тажна, а ќе биде уште потажна кога вечерва играчите ќе го имаат почесниот круг. Нешто кое е традиција во Јунајтед во последниот домашен натпревар во сезоната.

Меѓутоа сигурно дека ова ќе биде и прилика за незадоволните навивачи да испраќаат свирежи за фудбалерите. Времињата кога поразените се испраќаа со аплауз се минато, а посебно кгоа станува збор за клуб каков Манчесте Јунајтед.

Но, од друга страна на клубот веројатно ќе му беше замерено ако не ја почотуваше традицијата иако и прашање е колкав број фанови ќе има вечерва на „Олд Трафорд“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тајроски расте во академијата на Рид, Македонија е репрезентативна можност

Билал Тајроски, играч за врска роден во 2012 година, е дел од младинскиот погон на Рид. Не…