Реал Мадрид се соочува со сериозни проблеми во последната линија на тимот. Повредени се Карвахал, Милитао и Алаба, а за прите двајца сезоната е завршена.
Во таква ситуација се очекува „кралевите“ да реагираат и да доведат засилување во одбраната.
Какоп опција се појави и Серхио Рамос кој е без клуб.
Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓
„Серхио Рамос е без тим. Тој игра како централен дефанзивец и како десен бек. Беспари е. Човек кој бил дел од тимот, кој играше одлично минатата година во Севиља, активен е и може да помогне во овие шест месеци“, изјави легендарниот фудбалер на шпанскиот гигант Гути.
По оваа негова изјава се појави „лајк“ на ваква објава од самиот рамос. Како што пренесуваат медиумите ова може да биде и јасна порака од Рамос до Перез и Анчелоти дека би прифатил да се врати во Мадрид.