Дома Топ вести Потврдија и Каталонците: Барса се откажа од Де Јонг – оди во ПСЖ за договор вреден 50 милиони евра!

Потврдија и Каталонците: Барса се откажа од Де Јонг – оди во ПСЖ за договор вреден 50 милиони евра!

Холандски „Телеграф“ пред сите ја имаше ексклузивата и она што први го објавија уште пред 40 дена добива потврда – Франк Де Јонг оди во ПСЖ!

Франк Де Јонг се сели во Париз за сума од 75 милиони евра.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Скоро еден месец каталонските медиуми пишуваа дека 21 годишниот и кажал „да“ на Барселона. Меѓутоа денес „Мундо Депортиво“ – весник кој е во најдобри односи со Барса признава: Де Јонг оди во ПСЖ!

Де Јонг не одолеал на понудата од осум милиони евра по сезона во првата, а потоа во секоја следна за 1 повеќе во однос на претходната. На крајот се доаѓа до сума од 50 милиони евра за пет години.

Во текстот се наведува и дека навистина Де Јонг во прв момент се согласил да премине во Каталонија, но се откажал и го прекршил ветувањето поради стравот од жестока конкуренција. Барса покрај Бускетс, Ракитиќ, Видал, Кутињо, Артур и веројатно Рабио не може да му гарантира дека ќе биде стартер.

Наводно, Барса ќе се обиде уште еднаш да го предомисли, но кога каталонските медиуми се откажуваат тешко дека во Барселона ќе бидат успешни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…