Трофејот од Копа Судамерикана ќе биде доделен на Шапекоенсе, чиј тим загина во авионска несреќа на пат кон финалниот натпревар, пренесоа барзилските медиуми.
Од Атлетико Насионал, кој требаше да биде ривал на Шапекоенсе, го информирале КОНМЕБОЛ дека сакаат купот да биде врачен на бразилскиот клуб.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
И претседателот на КОНМЕБОЛ, Алехандро Домингез објави дека ќе се разгледува оваа иницијатива од Атлетико Насионал, но многу веројатно е дека таа ќе биде прифатена, на општо задоволство на љубителите на фудбалот во целиот свет.
Според „Глобо Еспорте“, иницијативата е прифатена, но службено ќе биде потврдена на 21 декември кога Извршниот одбор на КОНМЕБОЛ треба да одржи седница. Со тоа, Шапекоенсе автоматски ќе обезбеди пласман во Копа Либертадорс што е пандан на европската Лига на шампионите.
Покрај тоа бразилскиот тим ќе има право да излезе на средбата за Рекопа, која е еквивалент на Суперкупот на Европа.