Дома Трансфер зона Потврдено: Реал Мадрид понудил 250 милиони за Меси!

Потврдено: Реал Мадрид понудил 250 милиони за Меси!

0

Најдобриот фудбалер на Барселона, Лионел Меси на крајот на минатата година конечно стави крај на шпекулациите и го продолжи договорот со каталонскиот клуб до 2021 година.

Познато е дека претходно Манчестер Сити беше силно заинтересиран за неговиот потпис, а шпанските медиуми открија „шокантна“ информација и тврдат дека Реал Мадрид во 2013 година бил спремен да ја плати откупната клаузула.

Имно „кралевите“ пред да го купат Герет Бејл, пробале да го доведат Меси. Адвокатот на фамилијата на Меси, Иниго Јуарез откри дека „кралевите“ биле подготвени да ја плати откупната клаузула која во тој момент изнесуваше 250 милиони евра.

Ова немаше да биде прв случај Реал да ја купува ѕвезда на Барселона со активирање на клаузулата, бидејќи истото го направи и со Луис Фиго во 2001 година.


Следете го Sportski.mk и на


Меѓутоа, Меси одбил да ја „предаде“ својата Барселона и ја одбил можноста да се пресели во редовите на најголемиот ривал.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Фудбалерот кој беше на чекор од Ливерпул сега се најде на радарот на Баерн Минхен

Набил Фекир изимнатото лето се поврзуваше со неколку европски гиганти, а според последните…