Дома Трансфер зона Потврдено: Милан добива ново засилување!

Потврдено: Милан добива ново засилување!

Екипата на Милан не застана, продолжи да се засилува, реномираниот италијански новинар, Џанлука Ди Марцио, пренесува дека „росонерите“ успеале да договорат нов одличен фудбалер.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Станува збор за напаѓачот на Фиорентина, Никола Калиниќ. Хрватот пристигнува како позајмен фудбалер, но италијанскиот гигант ќе биде приморан да го откупи неговиот договор идното лето.

Според, тоа „виолетовите“ ова лето ќе добијат пет милиони, а наредното нови 20. Калиниќ во изминатиот период не тренираше со клубот од Фиренца, а дека разделбата е на повидок потврдува и тоа што Џовани Симеоне го доби дресот со број девет кој беше во сопственост на Калиниќ.

Медиумите пренесуваат дека се воделе долги преговори и дека во текот на изминатата вечер договорот бил постигнат, а преку социјалната мрежа тоа го потврди и Џанлука Ди Марцио.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…