Ивана Шпановиќ мораше да остане без медал на Светското првенство во Лондон за Светската атлетска федерација одлучи да ги промени правилата.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Станува збор за измена на неколку правила, меѓу кои и тоа дека во скокот во далечина натпреварувачите повеќе нема да носат број на грбот. Истото правило ќе важи и за натпреварувачите во трискок.
Потсетуваме, Шпановиќ на СП во Лондон, во шестата серија скокна преку 7 метри, но и отпадна налепницата со бројот и остави трага на 6.91 метри. Поради тоа, иако нејзиниот скок беше за златен медел, на крајот заврши на 4-то место, а златото го освои Бритни Рис која скокна 7.02 метри.
Покрај ова правило ќе биде променето и времето предвидено за концентрација во скокачките и фрлачките дисциплини. До оваа сезона натпреварувачите имаа цела минута на располагање, а сега тоа време ќе ниде преполовено.