Дома Трансфер зона Постигнат договор: Тотенхем добива одлично засилување од Евертон!

Постигнат договор: Тотенхем добива одлично засилување од Евертон!

Прашање на време е само кога Ричарлисон ќе го напушти Евертон и официјално ќе стане играч на Тотенхем, пренесуваат медиумите.

Двете страни постигнале договор и сега преостанува само уште фудбалерот да ги помине медицинските прегледи и да стави потпис на фоговорот. Експертот за трансфери Фабрицио Романо пренесува дека Ричарлисон се наоѓа во родниот Бразил каде што ќе ги помине прегледите.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тотенхем на „карамелите“ за Ричарлисон ќе има плати сума од 50 милиони евра, а со разни бонуси тој износ би можел и да се зголеми.

Следната сезона „петлите“ повторно ќе играат во Лигата на шампионите и затоа неопходни им се засилувања. Ричарлисон и покрај повредите во изминатата сезона беше еден од играчите кои со своите настапи го сврте вниманието на себе и може да се каже дека ќе биде добро засилување за лондонската екипа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го враќа Верати во Европа

Приоритет на Каталонците во летниот преоден рок ќе биде доведување на квалитетен играч за …