Дома Трансфер зона Постигнат договор: Немања Матиќ има нов клуб

Постигнат договор: Немања Матиќ има нов клуб

Според последните информации од Турција, Немања Матиќ има нов клуб и кариерата ќе ја продолжиу во Бешикташ.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Матиќ успеал да се договори со клубот од Истанбул, додека Бешикташ ја договорил висината на оштетата со Рен каде што во овој момент настапува.

Црно-белите од Истанбул за услугите на 35-годишниот играч од средниот ред ќе платат многу помалку од пет милиони евра колку што Французите прво бараа за Матиќ. Сепак, на крајот мораа да попуштат поради недоразбирањата на Матиќ и неговиот притисок да си замине.

Во редовите на Рен Матиќ дојде ова лето од Рома и потпиша договор до летото 2025 година, но не успеа да се снајде во Франција, па разделбата изгледа е најдобра опција и за двете страни.

Бешикташ во овој момент е четврти во турската Суперлига каде што лидер е Фенербахче.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…