Дома Трансфер зона Постигнат договор: Интер добива големо засилување

Постигнат договор: Интер добива големо засилување

Интер и Аталанта постигнаа комплетен договор за трансфер на Робин Госенс, пренесуваат италијанските медиуми.

Госенс игра фантастично во дресот на Аталанта, а блесна и на ЕУРО во дресот на германската репрезентација.

26-годишниот Германец има договор со клубот од Бергамо до јуни 2023 година, па поради тоа Аталанта се согласи да го продаде во јануари.

Интер за Германецот ќе плати 25 милиони евра, но Госенс ќе пристигне на „Џузепе Меаца“ најпрво на позајмица со задолжителен откуп на лето.

Госенс ќе потпише 5-годишен договор со „нероаѕурите“ и сигурно ќе биде големо засилување за Инзаги бидејќи Германецот е еден од најдобрите фул-бекови во Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Де Јонг го одбил Манчестер Јунајтед – сака да игра во Лигата на шампионите

Новиот тренер на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг пред себе ма тешка задача да го врати ти…