Дома Топ вести Постигнат договор: Гвардиола добива нов напаѓач

Постигнат договор: Гвардиола добива нов напаѓач

Откако стана јасно дека Манчестер Сити сигурно ќе игра во Лигата на шампиони следната сезона, Гвардиола доби голем буџет за засилувања.

Приоритет на Гвардиола е засилување на нападот, а првата желба е ѕвездата на Валенсија и шпански репрезентативец Феран Торес.

Младиот Шпанец го привлече вниманието на многу големи клубови ширум Европа, а Сити ја победи конкуренцијата и веќе постигнал договор.

Торес има договор со Валенсија до 2021 година и во договорот има откупна клаузула од 100 милиони евра, но откако одби да го продолжи договорот јасно беше дека ќе биде продаден.

Последните информации тврдат дека „граѓаните“ го договориле трансферот и за неговиот потпис ќе платат 30 милиони евра плус 10 милиони во форма на бонуси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Сабицер го спаси Дортмунд во 90+3: Вердер падна по луда драма!

Дортмунд испушти 2:0, но Сабицер со слободен удар во 90+3. минута донесе победа од 3:2 над…