Дома Трансфер зона После Родригез Евертон сака уште еден играч на Реал Мадрид

После Родригез Евертон сака уште еден играч на Реал Мадрид

Шпанските медиуми пренесуваат дека Евертон е заинтересиран за уште еден играч на Реал Мадрид.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тренерот на тимот од „Гудисон Парк“, Карло Анчелоти во претходниот преоден рок го доведе Хамес Родригез од Реал Мадрид, а сега сака да доведе уште еден играч од редовите на „кралевите“.

Реал наводно е спремен да го продаде Иско за околу 20 милиони фунти и Евертон може да ја понуди таа сума.

Иско сезонава запиша шест лигашки настапи за Реал и само три пати беше стартер. Во Лигата на шампионите сите три натпревари ги гледаше од клупата за резерви.

Неговиот договор со Реал истекува летото 2022 година и во Мадрид сакаат да го продадат најдоцна наредното лето со цел да заработат нешто од неговото заминување. Во Реал Мадрид Иско пристигна во 2013 година од Малага за 30 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…