Дома Македонски спорт Мак ракомет Посебно искуство за момците на Лазаров: Македонија ЕП во 2024 ќе го отвори на пред 50.000 гледачи!

Посебно искуство за момците на Лазаров: Македонија ЕП во 2024 ќе го отвори на пред 50.000 гледачи!

Ракометната репрезентација на Македонија доби тешка група на Европското првенство во 2024 година, но ќе има посебна чест да игра на фудбалски стадион пред 50.000 гледачи.+

Македонија ќе игра во група со Франција, Швајцарија и домаќинот Германија, а токму поради тоа што ќе бидат во група со домаќинот момците на Лазаров ќе имаат чест да бидат дел од натпревар со кој ќе се постави рекорд во ракометниот свет.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Ждребот за распоредот сакаше Македонија да има привилегија да игра против Франција во првото коло на 10-ти јануари на „Меркур шпил-Арената“ во Диселдроф која собира 50.000 гледачи.

Според најавите во тој прв ден на Европското првенство планирано е домаќинот Германија да ја отвори програмата со натпреварот против Швајцарија, а во вечерниот термин да играме ние против Франција, Натпреварите од второто и третото коло продолжуваат во Берлин. На 14-ти јануари ќе играме против Германија, а два дена подоцна против Швајцарија.

РАСПОРЕД НА МАКЕДОНИЈА:

10-ти јануари: Македонија – Франција

14-ти јануари: Германија – Македонија

16-ти јануари: Македонија – Швајцарија

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Падна рекордот на Малдини и Албертини: Родри е нов рекордер

Манчестер Сити ја затвори сезоната со победа против Вест Хем од 3:1, а тоа за овој тим зна…