Дома Фудбал Португалците го притискаат Мурињо да ја напушти Рома

Португалците го притискаат Мурињо да ја напушти Рома

Португалците се во потрага по нов селектор затоа што Фернандо Сантош доби отказ по настапот на Светското првенство.

Мурињо во претходниот период се поврзуваше со селекторската позиција на Португалија, а сега е прв избор на Федерацијата.

Луѓето од португалската Федерација започнале сериозна офанзива кон Мурињо да го убедат да ја напушти Рома и да ја преземе репрезентацијата, пренесува „Скај Италија“.

„Волчицата“ не му дозволува истовремено да ги извршува двете функции, па сега се загрижени дали Мурињо може да го напушти клубот.

Од Федерацијата дури му предложиле на Мурињо да го чекаат до лето, да ја заврши сезоната со Рома, а потоа да го назначат за нов селектор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул забрзува за талент на Валенсија: Клаузулата е 30 милиони, но има и грижа

Давид Оторби е на радарот на Ливерпул, додека Валенсија сака со нов договор да му ја зголе…