Дома Трансфер зона Порто повторно има „џекпот“, во трката за Бразилецот влегува и Реал Мадрид!

Порто повторно има „џекпот“, во трката за Бразилецот влегува и Реал Мадрид!

0
eder militao

И Реал Марид се вклучува во трка по бразилскиот стопер!

Бразилскиот дефанзивец, Едер Милитао (20) е вистински џекпот за Порто.

Милитао минатото лето пристигна во Порто од Сао Паоло за сума од четири милиони евра со обврска Порто да им даде на Бразилеците 10% од неговата следна продажба. Порто веднаш во договорот на Милитао вметна клазула од 50 милиони евра.

Стоперот буквално експлодираше во португалскиот тим и го привлече вниманието на повеќе европски гиганти, последен во низата е Реал Мадрид кој е во потрага по стопер.

Она што на „кралевите“ им оди од рака е што Милитао има ставка во договорот според која може да го напушти Порто до 31 јунари за сума од 42 милиони евра, потоа на сила стапува клазулата од 50 милиони евра.

На Реал стопер и тоа како му е потребно. Лопетеги летото се одлучи да не се засилува во последната линија сметајќи дека Хесус Ваљехо ќе ги оправда очекувањата. Меѓутоа место Ваљехо шанса во последно време добива Хави Санчез кого Солари го прекомандува од Б тимот. Меѓутоа ниту еден од нив двајца во овој момент не изгледа како адекватна замена за Варан и Рамос.

Она што на Реал не му оди во прилог е што Милитао играше со Порто во Лигата на шампионите кој се пласираше во осминафиналето.

„Марка“ дополнително открива дека правило во Реал е некој играч да биде скаутиран најмалку пет пати пред да се направи официјална проценка и се испрати евентиална понуда. Милитао досега три пати беше пред очите на скаутите на Реал и според информациите секогаш оценките биле позитивни.

Како и да е јасно е дека Порто одново има вистински бисер во своите редови.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Фелипе Кутињо пристигна во Минхен!

Баерн Минхен многу брзо ќе добие големо засилување, откако Фелипе Кутињо денеска пристигна…