Дома Фудбал Порака од Борусија пред финалето: Во ваква ситуација можеме да го победиме Реал Мадрид

Порака од Борусија пред финалето: Во ваква ситуација можеме да го победиме Реал Мадрид

Реал Мадрид и Борусија Дортмунд во сабота од 21 часот ќе го играат финалето на Лигата на шампионите на Вембли. Един Терзиќ, тренерот на клубот од Дортмунд кој го освои петтото место во Бундеслигата, верува дека можат да го победат Реал.

„Ќе се соочиме со исклучително силен тим кој често пати игра финале, но знаеме дека се е можно во еден натпревар“, изјави Терзиќ за УЕФА.

„Да игравме десет пати со Реал Мадрид, веројатно ќе беше тешко да се победи во целина, но на еден натпревар, во текот на 90 или 120 минути и пенали, можеме да го победиме секој противник во светот“, додаде Терзиќ.

Реал е фаворит во Лондон и тоа ќе им биде шесто финале во Лигата на шампионите во последните десет години за „кралевите“ кои вкупно имаат 14 титули во најелитното европско натпреварување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дебаклот од 1:9 ја затресе клупата: Ленс повторно го смени тренерот

Јаник Каузак доби отказ по три порази во низа, а Франјо Ивановиќ за само три месеци вторпа…