После неколку дена пауза поради Ол-стар викендот продолжија возбудувањата во НБА лигата.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Пред почетокот на натпреварот помеѓу Сакраменто и Денвер се испрати порака за мир во Украина. Сите на паркетот порачаа дека нивните мисли се со украинскиот народ кој поминува низ тешки моменти.




Денвер немаше проблеми да слави во овој натпревар и оствари триумф од 128:110 со што се зацврсти на шестата позиција на Западната конференција. Повторно Никола Јокиќ беше главниот играч во својот тим, српскиот кошаркар беше на чекор од трипл-дабл со 25 поени, 12 скока и 9 асистенции. Поентерски најрасположен беше Бартон кој постигна 31 поен.




На спротивната страна Сабонис забележа дабл-дабл од 33 поени, 14 скока и пет асистенции.
НБА РЕЗУЛТАТИ: Детроит – Кливленд 106-103, Бруклин – Бостон 106-129, Чикаго – Атланта 1121-08, Минесота – Мемфис 119-114, Оклахома – Феникс 104-124, Портланд – Голден Стејт 95-132, Сакраменто – Денвер 110-128.