Дома Фудбал Германија Пораз за Баерн, Унион Берлин може да го преземе врвот во Бундеслигата!

Пораз за Баерн, Унион Берлин може да го преземе врвот во Бундеслигата!

Баерн Минхен во денешните натпревари во Бундеслигата беше поразен на свој терен од Борусија Менхгладбах со 3:2.

Натпреварот не започна најдобро за Баерн бидејќи Дајо Упамекано доби црвен картон во деветтата минута, а четири минути подоцна Менхенгладбах поведе со голот на Ларс Штиндл. Во 35 минута Баерн израмни преку Ерик Максим Чупо-Мотинг и на одмор се замина со резултат 1:1.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Менхенгладбах стигна победата со головите на Јонас Хофман во 55 минута и Маркус Турам во 84 минута. Баварците до крајот на мечот успеаја само да го ублажат поразот со голот на Матис Тел во 93 минута.

Баерн го претрпе вториот пораз сезонава и е моментно прв на табелата со 43 бодови, односно има само бод повеќе од Унион Берлин, кој утре го игра својот натпревар од ова коло.

ОСТАНАТИ РЕЗУЛТАТИ: Бохум – Фрајбург 0:2, Штутгарт – Келн 3:0, Волфсбург – Лајпциг 0:3.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Реакцијата на Мбапе по поразот од ЛШ ја потресе публиката. Ас: Видео кое боли да се гледа

Откако пристигна во Реал Мадрид пред две години во јуни, Килијан Мбапе успеа да освои само…