Дома Видео Поминаа 18 години од најпознатиот волеј во историјата на фудбалот (ВИДЕО)

Поминаа 18 години од најпознатиот волеј во историјата на фудбалот (ВИДЕО)

Поминаа точно 18 години од финалето во Лигата на шампионите во кое Реал Мадрид го победи Баер Леверкузен со 2:1.

Тој натпревар ќе остане запаметен по тоа што Зинедин Зидан го постигна еден од најубавите голови видени во тоа натпреварување. Резултат на „Хамден Парк“ во Глзагов се до 45. минута гласеше 1:1. Тогаш Зидан го изведе најпознатиот волеј во историјата на фудбалот и ја испрати топката во голот на Ханс-Хорг Бат. Оние кои го гледаа тој натпревар сигурно се сеќаваат како „вчера“ да се случило.

Освен што беше прекрасен тој гол ќе се памети и како еден од најважните во историјата бидејќи беше пресуден Реал да ја освои 9-тата круна на „Стариот континент“.

Останатите два гола на тој натпревар беа дело на Раул и Лусио.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Пет играчи од Италија сè уште без шанса под водство на Манчини

Италија одигра три натпревари во Лигата на нации, но пет играчи од составот на Манчини сè …