Дома Фудбал ПОЛУВРЕМЕ: Меси нерешлива енигма, Челзи со два гола негатива!

ПОЛУВРЕМЕ: Меси нерешлива енигма, Челзи со два гола негатива!

Барселона на полувремето веќе има предност од 2:0 против Челзи во реванш осминафиналниот дуел од ЛШ.

Меси е нерешлива енигма за гостите од Лондон. Откако во 3-та минута Аргентинецот го матираше Куртоа од мртов агол, во 20-та минута следуваше нова негова „магија“.

Меси направи слалом долг дваесетина метри и му ја сервираше топката на Дембеле на кого не му беше тешко да погоди за 2:0.

Во 38-та минута Челзи ја имаше најзрелата шанса во првото полувреме после слаломот на Канте кој ја помина целата одбрана на Каталонците, но шутирапе непрецизно.

Во последната минута Маркос Алонсо ја погоди стативата од слободен удар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Со 21 фудбалер во Трабзон: Македонија У17 тргнува по место во Лига А

Иљами Исејни избра 21 фудбалер за ноемвриските квалификации во Турција. Првата цел на Маке…