Дома Фудбал Полицијата спречила физичка пресметка помеѓу Емери и Чави

Полицијата спречила физичка пресметка помеѓу Емери и Чави

Барселона го победи Виљареал (1:3), а Унаи Емери беше лут на судиските одлуки, па одби да се поздрави со Чави на крајот на мечот.

Домаќините пропуштија повеќе добри шанси, а бесни се и на неколку судиски одлуки, особено на играта со рака на Пике во казнетиот простор.

По последниот судиски свиреж Емери избега кон соблекувалната и одби да се поздрави со тренерот на Каталонците, а тоа го налути Чави.

Каталонски „Спорт“ открива дека тоа довело до голема вербална расправија помеѓу двајцата тренери во тунелот, па полицијата интервенирала да не дојде до физичка пресметка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Струга меѓу осумте во Купот, Шкемби доби и одговор од младите

Со победата од 2-0 над Беласица, Струга Трим Лум обезбеди четвртфинале во Купот. Бледи Шке…