Дома Фудбал Покетино скапо го плати Лавија, а сега си ја отвори душата: „Лавија не е подготвен да игра за Челзи“

Покетино скапо го плати Лавија, а сега си ја отвори душата: „Лавија не е подготвен да игра за Челзи“

Менаџерот на Челзи, Маурисио Покетино, призна дека новото засилување, кое секако е многу скапо платено, не е подготвено да игра за Челзи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ромео Лавија е играч кој го одби Ливерпул да ја продолжи кариерата во Челзи, но работите не му одат добро.

Белгиецот беше платен дури 53 милиони фунти, но нешто чудно се случува од неговото доаѓање.

Имено, тој не беше во составот за натпреварот против Вест Хем, но не присуствуваше ниту на тренинг оваа недела.

Околу тоа зборуваше и тренерот Покетино.

„Лавија не е подготвен, му требаат неколку недели за да може да биде присутен за да тренира со првиот тим.

Работи многу напорно за што поскоро да им се приклучи на новите соиграчи“, изјави Покетино.

Да потсетиме, овој фудбалер долго време беше поврзуван со Ливерпул, но на крајот заврши во Челзи за 57 милиони евра.

На само 16-годишна возраст пред три години, Лавија потпиша за Манчестер Сити, но забележа само два настапи и минатата година замина во Саутемптон за 11 милиони фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Во Барселона остануваат уверени дека Хулиан Алварес ќе пристигне на “Камп Ноу”

Барселона останува цврста во намерата да го ангажира Хулиан Алварес, и покрај сериозната н…