Дома Фудбал Франција Покетино за првпат зборуваше за договорот на Мбапе – само еден играч на ПСЖ ја знаел одлуката претходно

Покетино за првпат зборуваше за договорот на Мбапе – само еден играч на ПСЖ ја знаел одлуката претходно

Килијан Мбапе неодамна стави крај на сите шпекулации околу неговата иднина и го продолжи договорот со ПСЖ до 2025 година.

Овој потег на Мбапе за многумина беше изненадување затоа што изгледаше дека е блиску до преселба во Реал Мадрид. На крајот Флорентино Перез и „кралевите“ мораа да се помират со ситуацијата.

За првпат во јавноста оваа тема ја коментираше Маурисио Покетино кој откри дека за одлуката на Мбапе претходно знаел само Ашраф Хакими.

„Не ме изненади толку одлуката на Мбапе. Ние бевме убедени дека нема донесено одлука и дека тоа ќе го направи во последен момент. Во соблекувалната неговата одлука ја донзавме половина час претходно, само Хакими знаел претходно“.

„Официјално јас дознав половина час претходно, дури и кога бевме блиски и разговаравме, не го притискавме и не прашувавме, одлуката беше на него. Мене ме извести претседателот. Очигледно дека за Реал Мадрид е големо разочарување што не успеа да го доведе. Неговото останување тука е во корист на комплетниот француски фудбал“, изјави Покетино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Франција

Проверете

Кеси: Не можев да и кажам „не“ на Барселона

Барселона денес и официјално го претстави новото засилување, Франк Кеси, кој доаѓа од Мила…