Дома Фудбал Италија Познато кога СЕ ќе биде јасно – Буфон закажа прес-конференција!

Познато кога СЕ ќе биде јасно – Буфон закажа прес-конференција!

Капитенот на Јувентус и еден од најдобрите голмани во историјата, Џанлуиџи Буфон закажа средба со новинарите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Старата дама“ објави дека во четврток во 11:30 часот Буфон ќе одржи прес-конференција.

Иако од старо-новиот шампион на Италија не ја откриваат темата на која ќе се зборува на оваа конференција, јасно е дека има две опции.

Поверојатната опција е дека конференцијата се одржува за Буфон да објави крај на својата кариера, а другата е продолжување на најмногу уште една сезона.

Фудбалскиот свет очекува Буфон да каже – крај, а негов последен натпревар би можел да биде саботниот (од 15 часот) против Верона кога Јувентус ќе игра на домашен терен.

Да потсетиме, неодамна беше потврдено и дека Буфон добил понуда од славниот аргентински клуб Бока Јуниорс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Хаџиевски ја напушти Спартак Варна!

Македонскиот фудбалски тренер Ѓоко Хаџиевски повеќе не е шеф на стручниот штаб на бугарски…