Дома Фудбал Познати цените на влезниците за македонските навивачи на „Олд Трафорд“ против Англија

Познати цените на влезниците за македонските навивачи на „Олд Трафорд“ против Англија

На 19-ти јуни Англија на „Олд Трафорд“ ќе ја пречека Македонија во евроквалификациите за ЕП 2024.

До натпреварот има повеќе од четири месеци, меѓутоа наскоро влезниците ќе бидат пуштени во продажба, па на Островот веќе се најавуваат цените за билетите за „македонскиот сектор“.

Според објавите во англиските медиуми влезницата за позициите кај што ќе бидат сместени македонските навивачи ќе изнесува 40 фунти или 2.774 денари.

Треба да се спомене дека Англија против Македонија ќе игра на „театарот на соништата“ за првпат по 16 години. Ќе потсетиме во нашата група се уште Италија, Украина и Малта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ристовски со четири гола ја предводеше победата на Илинден од 14:1

Илинден го совлада Марино со 14:1, а тројца фудбалери постигнаа вкупно десет гола. Тимот н…