Дома Фудбал Англија Познати деталите: Алиоски до Нова Година потпишува нов договор!

Познати деталите: Алиоски до Нова Година потпишува нов договор!

Англиските медиуми објавија дека Езгјан Алиоски до Нова Година ќе потпише нов договор со Лидс.

Според најавите Лидс на Алиоски му доставил понуда за соработка на четири години со плата од 30.000 фунти неделно што значи дека Џани на годишно ниво ќе добива 1.5 милиони фунти. Актуелниот договор на Алиоски истекува на лето па затоа Лидс сака да се обезбеди дека македонскиот фудбалер ќе остане на подолг период.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


На „Иланд роуд“ не сакаат да се доведат во ситуација Алиоски да може во јануари да потпише преддоговор со некој друг клуб, па на лето да си замине без оштета.

Одлуката за продолжување на договорот е очекувана затоа што Алиоски од 2017 година од кога дојде во Лидс одигра повеќе од 100 натпревари, а клубот летово после деценија ипол се врати во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Инзаги го отпиша Митровиќ

Италијанскиот стручњак Симоне Инзаги само еден ден по поразот со својот Интер од Пари Сен …