Дома Фудбал Познатиот пејач ги издаде ѕвездите на Баерн: Ноќта пред да го разбијат Челзи се забавувале во Лондон

Познатиот пејач ги издаде ѕвездите на Баерн: Ноќта пред да го разбијат Челзи се забавувале во Лондон

Минхенски Баерн го декласираше Челзи со 0:3 во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите.

Баварците Лондон го напуштија со голема предност. Германскиот тим се наоѓа на чекор од пласман во четвртфиналето, но потребно е да се одработат уште 90 минути во Минхен.

Гостувањето во Лондон играчите на Баерн го искористија и за опуштање. Тие присуствувале на забава на познатиот пеј Џон Бон Џови.

„Си ја гледав својата работа во барот, а потоа се појави комплетниот тим на Баерн. Тоа беше завчера. Момците пиеа виски и добро се забавуваа, а потоа излегоа на терен и го разнија Челзи. Се надевам нема да им направам проблем со ова“, изјави познатиот пејач.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул следи дефанзивец од 100 милиони евра, но неговиот сон е Реал

Лука Вушковиќ е на списокот на Ливерпул за следното лето. Брајтон го има под договор до 20…