Дома Фудбал Погледнете го шоуто на Меси во квалификациите за Светското првенство. Постигна три, асистираше два гола

Погледнете го шоуто на Меси во квалификациите за Светското првенство. Постигна три, асистираше два гола

Лионел Меси постигна три гола и асистираше уште две, а Аргентина ја совлада Боливија со 6:0 во квалификацискиот натпревар за пласман на Светското првенство во 2026 година.

Ова беше 189. меч за Меси за репрезентацијата со која двапати беше шампион на Копа Америка (2021, 2024) и која ја предводеше до титулата светски првак (2022).


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Осумкратниот освојувач на „Златната топка“ сега има 112 гола и 60 асистенции во нив. За Аргентина погодија и Лаутаро Мартинез, Хулијан Алварез и Тиаго Алмада.

„Убаво е што доаѓам овде и ја чувствувам љубовта на луѓето, тоа е она што ме прави среќен. И покрај моите години, се чувствувам како дете и удобно во овој тим. Се додека се чувствувам така и играм на нивото на кое сакам ќе продолжам да уживам“, изјави Меси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Саудијците конечно дочекаа: Познато кога Нејмар се враќа на терените

Како што стојат работите бразилската ѕвезда, Нејмар е пред враќање на терените по долгата …