Фудбалерот на Јувентус и екс-француски репрезентативец Пол Погба кој падна на допинг-тест е суспендиран, но се уште не е познато на колку време ќе биде неговата суспензија.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Италијанските медиуми денес пренесуваат дека обвинителот побарал максимална казна од четири години суспензија за играчот од средниот ред.
Суспензија од четири години многу веројатно ќе значи и крај на кариерата за францускиот фудбалер кој во изминатиот период имаше и сериозни проблеми со повреди.
Погба одредено време се соочува со проблеми, а токму и поради повредите многу малку играше во Јувентус по враќањето од Манчестер Јунајтед.