Дома Фудбал Англија Повторно лоши вести за Венгер, ова е човекот кој ќе им суди против Челзи!

Повторно лоши вести за Венгер, ова е човекот кој ќе им суди против Челзи!

0
michaeloliver

Лоши вести стигнуваат за Арсенал и Арсен Венгер, барем кога во прашање е главниот судија и билансот на „топџиите“ во натпреварите на кој главен судија бил токму човекот кој ќе ја дели правдата во нивниот следен натпревар во Премиер лигата во кој ќе играат против тимот на Челзи.

Станува збор за познатиот англиски судија Мајкл Оливер, кој ФА го одреди да ја дели правдата на дербито на колото во следното коло од Премиер лигата.

„Топџиите“ имаат поразителен биланс на натпреварите на кои правдата ја делел Мајкл Оливер. Имено, Арсенал славел само на четири натпревари од вкупно 19 натпревари во најсилната англиска конкуренција.

Иначе кога во прашање се повредените фудбалери Венгер во овој натпревар не ќе може да смета на Калум Чемберс и Санти Казорла.

Натпреварот помеѓу Челзи и Арсенал се игра во недела со почеток во 14:30 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Повеќе S. D.
Load More In Англија

Проверете

Кај Валверде мина прагот на толеранција: Каталонскиот предводник гласно се изјасни ПРОТИВ одлуките на управата

Барселона изгледа го договори трансферот со Арсенал од 20 милиони евра во јануари, за Герм…