Дома Видео Повторно бура на Апенините и повторно Јувентус: Зошто ВАР не реагираше?

Повторно бура на Апенините и повторно Јувентус: Зошто ВАР не реагираше?

Јувентус е непоразен и после 13. коло во Серија А. Бјанконерите на гостувањето ја победија Аталанта со 1:3.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Старата дама одигра многу лош натпревар до 15 минути пред крајот, но успеа да стигне до 11. триумф во сезоната со головите на Игуаин и Дибала.

Голема врева на Апенините крена вториот гол на Јуве, поточно ситуацијата која претходеше на одличната акција при погодокот на Игуаин.

Имено, при одземање на една топка Квадрадо играше со рака, но судијата не ја прекина играта.

Скај Спорт ја објасни оваа ситуација и според правилата не беше можно да се користи ВАР бидејќи видео технологијата се консултира само кога станува збор за грешки во фазата на напад.

Со оглед на тоа дека во оваа ситуација Квадрадо играше со рака на својата половина и во одбрана не можеше да се употреби ВАР па судијата Роки не можеше да ја исправи својата грешка.

Односно, се работи за класичка судиска грешка која според правилата на ВАР не можеше да се исправи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Кој е познатиот навивач кој на Светското првенство стои како статуа – зошто го нарекуваат „живата статуа“?

ЗНАМЕНИТИОТ навивач на Демократската Република Конго, наречен „жива статуа“, го направи св…