Дома Македонски спорт Повреди во нашата репрезентација пред дуелот со Словенија

Повреди во нашата репрезентација пред дуелот со Словенија

Maрио Танкоски не е единствениот кој има проблеми со повреда пред почетокот на втората фаза на Мундијалот во Египет.

Селекторот Брестовац пред новинарите откри дека има уште неколку повреди во нашиот тим.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Имаме уште неколку поситни проблеми, Кузманоски беше поштеден поради проблем со грбот, не сакав да ризикувам. Димитриоски и Крстевски се пожалија на болки во препоните, кај Танкоски проблем е коленото. Утре ќе знам на кого ќе можам да сметам за натпреварот со Словенија“, изјави Брестовац.

Македонија натпреварот со Словенија го игра утре од 15:30 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Миовски пресреќен: Наградите се доказ дека се правам од срце

Maкедонскиот напаѓач Бојан Миовски зад себе има одлична сезона во дресот на Абердин, клубо…