Дома Фудбал Англија Повредата не била наивна: Дени Илиев надвор од теренот неколку недели

Повредата не била наивна: Дени Илиев надвор од теренот неколку недели

Дени Илиев во финишот од преодниот рок од Арсенал беше испратен на позајмица во третолигашот Шрузбери со цел да брани и да собира искуство

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Илиев добро започна и беше прв избор на голманската позиција во овој тим. Сепак, пред натпреварот минатиот викенд се повреди и не можеше да настапи. Сега од клубот за англиските медиуми потврдиле дека повредата на Илиев не е наивна и тој ќе биде надвор од терените во наредните неколку недели.

Илиев во последно време и редовно добива повик од Игор Ангеловски во репрезентацијата на Македонија каде што е трет избор зад Димитриевски и Шишковски. Сега прашање е дали ќе може да биде со репрезентацијата за натпреварот против Грузија на 12. ноември.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Пристигна понуда која би можела експресно да го „избрка“ Нико Паз од Реал Мадрид?!

Нико Паз ќе се врати во Реал Мадрид ова лето, но би можел експресно да замине назад во …