Дома Фудбал Италија Пирло за лутењето на Роналдо: Никаде не пишува дека не смее да биде заменет

Пирло за лутењето на Роналдо: Никаде не пишува дека не смее да биде заменет

Jувентус вчера го победи Интер со 1:2 во првиот натпревар од полуфиналето на Купот на Италија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Двата гола на Јувентус беа дело на Роналдо, а Португалецот Пирло го замени на 15 минути до крајот од мечот. Тогаш на терен место Роналдо влезе Алваро Мората. Добро познато е дека Роналдо не сака да биде заменет кога нема причина, па и овој пат покажа дека потегот на Пирло не му се допаѓа.

После натпреварот Пирло беше запрашан за оваа ситуација и стратегот на Јувентус даде краток одговор.

„Никаде во договорот не пишува дека Роналдо не смее да биде заменет. Го разбирам, но во сабота не чека важен и тежок натпревар (против Рома) и одлуката да го одморам беше паметна. Сметам дека е добро кога има можност од време на време да одмри“, изјави Пирло.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Кињонес го постигна третиот најбрз гол во отворачки натпревар на Мондијалот

Напаѓачот на Мексико Хулиан Кињонес го разбуди стадионот „Ацтека“, постигнувајќи го првиот…