Дома Фудбал Италија Пирло: Жиру? Добро би ни дошол

Пирло: Жиру? Добро би ни дошол

Tренерот на Јувентус Андреа Пирло изјави дека неговиот тим не одиграл баш најдобро против Удинезе, но тој е задоволен од победата од 4:1.

Роналдо постигна два, а Киеза и Дибала по еден во победата во првиот натпревар во новата година.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Не беше тоа најдобриот Јувентус, но овој натпревар добро ни дојде после поразот од Фиорентина. Како што одминуваше времето во натпреварот бевме подобри, на почетокот како да бевме во грч“, изјави Пирло.

Оливие Жиру се поврзува во медиумите па Пирло освен што зборуваше за натпреварот доби и прашање за тоа дали Јувентус ќе се обиде да го доведе.

„Можам да кажам само дека добро би ни дошол“, изјави Пирло и така ја остави вратата за овој трансфер отворена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ливерпул сака да потпише со „експлозивен напаѓач“

Ливерпул го има Абде Езалзоули од Реал Бетис на својата агенда за летото. Импресивните нас…