Дома Фудбал Италија Пиоли пресреќен: Милан доби нов лидер на теренот!

Пиоли пресреќен: Милан доби нов лидер на теренот!

Како што стојат работите, Стефано Пиоли изгледа преживеа уште еден кризен период во Милан и успеа да го изнесе тимот на вистинскиот пат. Атмосферата на „Сан Сиро“ сега е многу подобра по серијата од шест победи на последните седум натпревари во првенството.

Во овој момент „росонерите“ се на третата позиција и можат да размислуваат за битка за второто место, посебно откако Милан славеше во дербито со Наполи.


ТОП викенд: Битка за Манчестер и две дербија во Италија! ↓↓↓


Натпреварот беше тврд со многу тактички надмудрувања, а човек на одлука беше Тео Ернандез кој погоди во првото полувреме.

„Тео се стави на располагање на тимот во критичниот период и одлично одговори како стопер. Но, неговата природна позиција е лево и тој има одлична конекција со Леао. Сметам дкеа Тео се мачеше минатата сезона поради разочарувањето на Мундијалот.

 Светското првенство се играше во средина на сезоната и тоа не влијаеше добро врз него. Се плшаев како ќе одговори ментално сезонава, меѓутоа тој е максимално позитивен. Тој е играч кој не зборува премногу, меѓутоа со однесувањето е пример за останатите и вистински лидер“, изјави Ернандез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барселона спреми нов договор за Араухо

Барселона сака во најскоро време да го продолжи договорот со дефанзивецот, Роналд Араухо, …