Дома Фудбал Останато Пике како ретко кога испрати критики за Каталонците

Пике како ретко кога испрати критики за Каталонците

0

Репрезентацијата на Каталонија вчера одигра пријателски натпревар против Венецуела.

Познато е дека Каталонците се уште не можат да играат официјални натпревари, но можат да играат пријателски. Членови на оваа селекција некои поранешни познати шпански репрезентативци, а еден од нив е и Жерар Пике.

Пике е познат како голем поддржувач на Каталонија и често пати во јавните настапи не го криел тоа, но сега испрати критики и за Каталонците.

Натпреварот помеѓу Каталонија и Венецуела беше обележан со скандирањето на навивачите на Каталонија против Шпанија. Пике не беше воодушевен од она што го слушаше на трибините.


Следете го Sportski.mk и на


„Неколку пати им кажав да бидат тивки бидејќи потребно е да покажеме добар пример кога е навивањет во прашање. Непочитувањето не може да се толерира. Нема потреба да се биде нетолерантен“, изјави Пике.

Одлуката на Пике да игра за Каталонија откако се повлече од Шпанија предизвика голема расправа, но тој тврди дека не би играл пријателски натпревар доколку е се уште поврзан со шпанската репрезентација.

„Луѓето кои не сакаат да разберат, никогаш нема да ме разберат. Јас донесов одлука. Доколку продолжев да играм за Шпанија, никогаш не би дошол да играм на пријателски натпревар за Каталонија“, јасно порача Пике.

Покрај Пике на списокот на играчи на Каталонија се играчи како: Марк Бартра, Монтоја, Алекс Виал, Муниеса…

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Манчестер Сити – Тотенхем: Сити нема време за жалење, сака брза одмазда

Ова ќе биде втор меѓусебен дуел помеѓу овие две екипи за само неколку дена, по натпреварот…