Дома Фудбал Останато „Перфектно би било за Рамзи да се врати во Арсенал“

„Перфектно би било за Рамзи да се врати во Арсенал“

Арон Рамзи не ги воодушевува навивачите на Јувентус со своите настапи, но Пирло сепак му дава шанса.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Велшанецот ја игра својата втора сезона во Италија и се уште не може да се каже дека се адаптирал на условите на италијанскиот фудбал. Сега легендарниот Роберт Пирес прогнозира дека Рамзи би можел да се врати во Арсенал.

„Среќен сум за Рамзи, тој е се подобар. Во Јувентус конкуренцијата е навистина голема на секоја позиција и не е лесно цело време да играте. И во таква ситуација тој се почесто добива шанса и така се подобрува и неговата самодоверба“.

„Во овој момент мислам дека перфектно за него би било да се врати во Арсенал. Системот кој го практикува Артета максимално може да му одговара. Очекувам да остане во Торино уште некоја сезона, па да се врати во Арсенал“, изјави Пирес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Деко се врати од Англија во Барселона: Доби големо „ДА“ од одличен напаѓач

Спортскиот директор на Барселона, Деко, престојуваше во Лондон, каде што имаше средба со а…