Дома Фудбал „Пеналот беше подарок за Роналдо од судијата“

„Пеналот беше подарок за Роналдо од судијата“

Вчера Португалија во еден драматичен натпревар ја совлада Гана со 3:2. До водство Португалците стигнаа со гол од пенал на Роналдо врз кого и беше направен прекршокот.

Селекторот на репрезентацијата на Гана, Ото Адо смета дека судиите немало да покажат на белата точка ако место Роналдо бил друг фудбалер во таа ситуација.

„Главниот судија досуди пенал кој не беше пенал, сите можеа да го видат тоа. Зошто го досуди? Затоа што во прашање беше Роналдо. Ако некој постигне гол нормално ќе му честитам, меѓутоа ова беше подарок од судијата за Роналдо“, изјави Ото Адо по натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фабрегас предупредува пред Торино: Комо без право на опуштање и без Кин

Комо го чека четврти натпревар за десет дена, а Фабрегас има и кадровски проблеми пред гос…