Дома Останати Пекинг: Надал закажа дуел против Изнер

Пекинг: Надал закажа дуел против Изнер

Нова победа на првиот тенисер во светот на турнирот во Пекинг.

Првиот тенисер во светот, Шпанецот Рафаел Надал денес се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг откако го победи Русинот, Хачанов во два сета (6:3, 6:3).

Шпанскиот тенисер во четвртфиналето ќе игра против Американецот Џон Изнер. Изнер е 17 тенисер во светот и денес го победи Леонард Мајер од Аргентина со 6:0 и 6:3.

Во второто четвртфинале ќе играат подобрите од дуелот помеѓу Бердих и Рубљов, како и мечот кој ќе го одиграат Италијанецот Фонњини и Германецот Зверев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Тешка срамота на УС Опен: Освои гренд слем во Њујорк пред десет години, сега одбиен за специјална покана

Стен Вавринка игра на последните турнири во својата кариера пред пензионирање, а малку е д…