Дома Трансфер зона Пасторе ја отвори вратата за трансфер

Пасторе ја отвори вратата за трансфер

0

Во јануарскиот преоден рок Хавиер Пасторе беше голема желба на Интер, но на крајот остана во Пари Сент Жермен.

Меѓутоа, како што стојат работите Пасторе ја игра последната сезона во ПСЖ и на лето сигурно ќе ја промени средината.

Аргентинецот оваа сезона беше стартер само на 17 натпревари за „светците“. Новиот тренер Томас Тухел најави доста промени во тимот за наредната сезона, а француските медиуми тврдат дека нема да смета на Хавиер Пасторе.

Притоа, ПСЖ ќе мора да продаде дел од своите фудбалери поради Финансискиот фер-плеј на УЕФА, а Пасторе е прв на списокот.


Следете го Sportski.mk и на


Аргентинецот е свесен дека нема иднина на „Паркот на принцовите“, па и самиот призна дека не знае каде ќе игра следната сезона.

„Не знам каде ќе играм следната сезона. Претходно треба да го освоиме и Купот на Франција, после на лето ќе одлучам за својата иднина“, изјави Пасторе.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

На Кејхил му е преку глава – го напушта Челзи

Гери Кејхил е седум години на „Стенфорд Бриџ“, а после заминувањето на Џон Тери тој ја пре…