Вчерашното невреме во Париз им создаде проблеми на организаторите на вториот тениски Гренд слем во сезоната, Ролан Гарос.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Предвидените четвртфинални мечеви во машка конкуренција Рафаел Надал-Пабло Карењо-Буста и Новак Ѓоковиќ-Доминик Тим се одложени за во среда.
Ова значи дека сите четртфинални мечеви во машка конкуренција ќе се одиграа в среда, останатите два дуела се Енди Мари-Кеи Нишикори и Стан Вавринка-Марин Чилиќ.
Покрај предвидените четвртфинални мечеви во машка конкуренција, одложен е дуелот во двојки Зимоњиќ/Вердаско против Дутра Силва/Лоренци.