Дома Фудбал Паника на Прајд Парк: Евакуиран стадионот

Паника на Прајд Парк: Евакуиран стадионот

Дерби и Кардиф вечерва ќе го одиграат натпреварот од 7. коло во англиски Чемпионшип.

Натпреварот е закажан за 20:45 часот и нема да биде одложен, но негде околу 20 часот изби паника.

Според информациите од Дерби, гостинските навивачи кои пристигнале на Прајд Парк биле евакуирани и морале да ја напуштат својата трибина.

Наводно избил мал оган, поради што бил вклучен и системот за предупредување, а тоа предизвикало паника на стадионот и гостинските навивачи морале да ја напуштат трибината.

Сепак, за брзо проблемот бил надминат и навивачите се вратиле на трибината за да го бодрат својот тим во ова тешко гостување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лукаку ѝ кажа збогум на Белгија: Заминува со рекордни 94 гола!

По пласманот на Белгија во четвртфиналето на Лигата на нациите, Ромелу Лукаку стави крај н…