Дома Македонски спорт Пад на Калин на најновата АТП ранг листа

Пад на Калин на најновата АТП ранг листа

Најновата промена на АТП ранг-листата донесе минимална промена на рангот на најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски.

Тој со 159 поени се наоѓа на 326.то место или има пад за една позиција. Другите двајца македонски тенисери имаа подобар пласман во однос на претходната недела.


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Горазд Србљак со 10 поени се наоѓа на 1.055.то место (скок две позиции), додека Обрад Марковски е на 1.452.то место со скок од една позиција со 3 поени.

Во конкуренција на двојки Ивановски се наоѓа на 677.то место (пад за три места) со 71 поен, додека Берк Бугариќ е рангиран на 1.354.то место со 16 поени (пад за пет позиции). Марковски е на 1.760.то место со 7 поени или има пад за четири места, додека Елдин Хусеиновиќ е на 2.131.то место со три поени (пад за осум места).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

„Комити“: Сега дадовме време, но промена е потребна веднаш – раководството докажа дека е неспособно!

Навивачите на фудбалскиот клуб Вардар, незадоволни од резултатите, организацијата и целосн…