Фудбалскиот клуб Ливерпул постигна договор со Рома околу трансферот на крилниот напаѓач Мохамед Салах.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Англиските медиуми пренесоа дека трансферот е „тежок“ 39 милиони фунти (44,2 милиони евра) и дека Салах неделно ќе заработува 90 илјади фунти (102 милиони евра).
Трансферот на египетскиот репрезентативец е најголемиот во историјата на Ливерпул. Претходниот клупски рекорд беше оној на Енди Керол, кој во 2011 година од Њукасл беше донесен за 35 милиони фунти.
Салах треба само да ги мине лекарските прегледи, а потоа да потпише петгодишен договор. Египетскиот репрезентативец минатата сезона во дресот на Рома имаше учинок од 19 голови и 13 аситенции.